ГАЛЕРИЈА: Спектакуларен финиш на релито „Бахус класик“ во Скопје

Олдајмерите, од кои поголемиот дел првпат се донесени на овие простори, од 17:30 часот ќе бидат изложени во кругот на хотелот Хилтон во Скопје

По седумдневно патување низ две држави и поминати 1.060 километри денеска завршува Бахус класик релито. Дваесетина олдтајмери специјално донесени од десетина западноевропски држави и САД денеска во попладневните часови ќе пристигнат во Скопје.

Олдајмерите, од кои поголемиот дел првпат се донесени на овие простори, од 17:30 часот ќе бидат изложени во кругот на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Во изминатите денови олдтајмерите означени со логото на Бахус класик, патуваа низ Македонија и Грција посетувајќи ги Штип, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Битола, Бигорскиот манастир, Лутраки бањите и Халикиди.

Вакво меѓународно рели од премиум ранг се одржува првпат на овие простори. Целта на организаторите беше да се прикаже земјава како нова дестинација за релија од овој тип и да се промовира државата како туристичка атракција.

Релито е впишано во календарот на Светската асоцијација на историски возила (FIVA) која обединува повеќе од 2,5 милиони љубители на олдтајмери од повеќе од 70 држави. Во календарот на (FIVA) има околу 20 настани од овој тип, а Бахус класик релито е едно од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот