
ФОТО | Француската морнарица заплени 9,6 тони кокаин во Западна Африка
Француската морнарица утрово објави дека запленила 9,6 тони кокаин во вредност од повеќе од 500 милиони евра од рибарски брод покрај брегот на Западна Африка, објави АФП.
Препорачано
Поконкретно, според информациите од Атлантскиот поморски регион, операцијата била спроведена во понеделник (22/9) од два брода на морнарицата, по информациите добиени од службите за борба против дрога, поморските разузнавачки служби и британската полиција.
Major drug seizure conducted by French Navy crews off the coast of West Africa:
⚖️ 9.6 metric tons of cocaine seized
➡️ Upheld efforts of the 🇫🇷 Armed Forces to combat trafficking and protect the French population https://t.co/oJDwVBxPKd pic.twitter.com/fKHFnO9ooJ
— The 🇫🇷 Joint Staff – Military operations (@FrenchForces) September 25, 2025
Акцијата е дел од мисијата „Коримбе“, создадена во 1990 година во Гвинејскиот Залив со цел зајакнување на безбедноста во регионот каде што пиратеријата е честа појава.
„Вкупно, од бродот беа запленети 9,6 тони кокаин со пазарна вредност од речиси 519 милиони евра (609 милиони долари)“, соопшти Атлантскиот поморски регион, истакнувајќи дека бродот не пловел под знамето на ниту една земја.
Досега не се дадени детали за судбината на екипажот, додека вообичаено во вакви операции, дрогата се уништува и на бродот му е дозволено да продолжи со својот курс.
Ова е најголемиот успех на француската морнарица во 2025 година. До крајот на август, француската морнарица веќе заплени речиси шест тони кокаин покрај брегот на Западна Африка.
Како што тогаш изјави шефот на морнарицата, адмиралот Николас Бозур, 2025 година веќе е забележана како рекордна година, со повеќе од 45 тони дрога откриени и запленети од француските поморски сили.