
ФОТО | Ѕвездата на „Гладијатор“ изненади со драстичното слабеење: Го привлече целото внимание на црвениот тепих!
Расел Кроу (60) дефинитивно привлече внимание на доделувањето на наградите „Златна пчела“ во Малта. Актерот од „Гладијатор“ (Gladiator) изгледаше елегантно и во врвна форма во целосно црн изглед кој вклучуваше кроено одело, црна кошула и елек, објавува „Дејли меил“ .
Препорачано
Различни снимки од актерот во не баш добра состојба кружеа на социјалните мрежи, па новиот изглед навистина ги изненади обожавателите.
Mediterrane Film Festival
Golden Bee Award – Malta Film Legend@RussellCrowe ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️#MediterraneFilmFestival #Mediterrane2025 https://t.co/r5YJtNbodv pic.twitter.com/w8W4DJRP4o
— Dorothea Ostra (@DorothyOstra) June 30, 2025
На актерот му се придружи и неговата свршеница Бритни Териот, која исто така изгледаше елегантно во долга тоалета. Двојката се појави во јавност за првпат откако повторно се појавија гласини дека можеби ќе се венчаат во Рим.
Шпекулациите се појавија бидејќи Териот носела дијамантски прстен на прстот, што покрена сомнежи дека двојката, која е во врска од 2020 година, се свршила. Наводно, тие посетиле црква за време на неодамнешната посета на Рим, што дополнително ги разгоре шпекулациите за италијанска венчавка.
„Италија отсекогаш била нивна идеална дестинација за свадба. Секој пат кога одат таму, се враќаат уште позаљубени. Отсекогаш сонувале да се венчаат таму“, рекол изворот.
What happened to Russell Crowe?? pic.twitter.com/aphK2ZVeWm
— AlphaFo𝕏 (@Alphafox78) June 27, 2025
Двојката често ја посетува Италија, а гласините за свршувачка првпат се појавија минатата година.
Расел претходно беше во брак со австралиската актерка Даниел (55), со која се ожени во април 2003 година на неговата фарма во Нана Глен. Тие имаа два сина заедно, но се разделија во 2012 година, а нивниот развод беше финализиран шест години подоцна. И покрај разводот, двојката остана во пријателски односи и сè уште се смета за семејство.