Фото: Инстаграм/Стефан Николовски

ФОТО | Џејсон Деруло го „запали“ Охрид: Актерот Стефан Николовски му подари маичка со натпис „Против уроци“

Охрид пулсираше во ритамот на светската ар-ен-би музика во саботата (2 август). Под ѕвезденото небо на „Билјанини извори“, илјадници обожаватели беа сведоци на спектакуларниот концерт на американската музичка суперѕвезда Џејсон Деруло, кој за првпат настапи пред македонската публика.

Деруло приреди шоу какво што ретко се гледа на овие простори – со светска продукција, феноменална кореографија и енергија што ја крена публиката на нозе од првата до последната песна.

Еден од најинтересните моменти на вечерта дојде од македонскиот актер Стефан Николовски, кој му подари уникатна маичка со натпис „Против уроци“. Во кутијата со маичката стоеше и лична порака на англиски јазик.

„Честитки!

Ти си најдобар во тоа што го работиш, а луѓето ќе ти простат сè — освен успех.

Оваа маичка ја претставува твојата среќа, твојот успех и твојата големина. Дозволи ми да те потсетам дека сè за што работиш вреди и еден ден сето тоа ќе се исплати. А најважно од сè, кога сите ќе почнат да велат колку си неверојатен, оваа маичка ќе те заштити од ‘лошо око’.

Од денес, ја имаш својата среќна маичка. Уживај во секој момент со неа. Пу, пу, пу!

Со почит, ‘Против уроци’.

Специјално изработено за Џејсон Деруло“, стои во пораката.

Фото: Инстаграм/Стефан Николовски
Фото: Инстаграм/Стефан Николовски

Настанот го организираше „Прагма продукција“, кои и овојпат потврдија дека Македонија има капацитет да биде домаќин на најголемите светски ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот