Фото: Инстаграм/Тамара Чуприна

ФОТО | „Добредојде Видан“: Фудбалерот Дарко Велковски и сопругата Тамара Чуприна го пречекаа второто дете

Македонскиот фудбалер Дарко Велковски и неговата сопруга Тамара Чуприна вчера повторно станаа родители.

Двојката веќе го има двегодишниот син Ведран, а сега нивното семејство се прошири за уште еден член – синот Видан.

Чуприна се породи во една скопска клиника, а неколку часа по породувањето објави прва фотографија од бебето.

„Видан Велковски, 16.6.2024“, напиша таа во описот.

Фото: Инстаграм/Тамара Чуприна

Да потсетиме, Дарко Велковски и Тамара Чуприна стапија во брак во јануари 2022 година, а синот Ведран го добија еден месец подоцна.

Парот откри дека очекува второ дете во ноември минатата година, кога споделија неколку фотографии од Ведран кој во раката држи слики од ултразвук.

Фото: Инстаграм/Тамара Чуприна

ФОТО | Тамара Чуприна блеска: Модерна трудница за пример

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот