Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

ФОТО | Длабоки деколтеа и високи шлицови: Познатите холивудски дами блеснаа на Модната недела во Париз

Во Париз во рамките на Модната недела се одржа ревија на „Лореал“ (L’Oreal) која ја носеа многу познати дами. Меѓу нив беа 86-годишната Џејн Фонда, 66-годишната Енди Мекдауел, 51-годишната Хајди Клум, 49-годишната Ева Лонгорија, 32-годишната Кара Делевињ и 28-годишната Кендал Џенер.

Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Помладата сестра на Ким Кардашијан, Кендал се појави во сензационален црвен фустан со полупроѕирен градник и детаљ од корсет. Заедно со фустанот носеше и ракавици до лактот, а на усните имаше црвен кармин.

Германскиот супермодел Хајди Клум изгледаше неверојатно во тесен црн фустан од латекс.

Целото внимание на насобраните го привлече и „очајната домаќинка“ Ева Лонгорија, која го истакна своето бујно деколте во смел бел фустан со шлиц до бутовите и изгледаше многу самоуверено додека се шеташе на модната писта.

32-годишната Кара малку ѝ остави на фантазијата во долгото црвено палто, под кое не носеше градник или кошула.

Кендал Џенер – Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN
Кара Делевињ – Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN
Хајди Клум – Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN
Ева Лонгорија – Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN
Енди Мекдауел – Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN
Џејн Фонда – EPA-EFE/ANDRE PAIN
Бразилската пејачка Анита – Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN
Аџа Наоми Кинг – Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN
Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот