
ФОТО: Дехари го развиори македонското знаме на свечената церемонија на отворање на ЗОИ во Пекинг
Алпскиот скијач Дардан Дехари го развиори македонското знаме на свечената церемонија на отворањето на 24. Зимските олимписки игри во Пекинг.. Македонија по осми пат учествува на ЗОИ, по она наше деби во Лилехамер 1994 година.
Препорачано
Македонија на ЗОИ во Пекинг ќе биде претставена од тројца спортисти, Дехари, Ана Цветановска и Ставре Јада кои ќе настапат во нордиско скијање.
На свечената церемонија на стадионот „Птичје гнездо“ се појавија само двајца македонски претставници, знаменосецот Дехари и неговиот тренер Антонио Ристевски, додека Цветановска и Јада поради контакт со нивниот тренер Борче Јовановски кој е позитивен на коронаворус се во изолација.
Дардан Дехари ќе настапи на трките во слалом и велеслалом (13 и 16 февруари), Ана Цветановска во нордиско скијање ќе настапи во дисциплините 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (5 и 10 февруари), како и Ставре Јада исто така во нордиско скијање и тоа во дисциплините спринт слободно 1,5 км и на трката 50 км слободно (8 и 19 февруари).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
45мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5