
ФОТО | Дали личат на својот татко? Згодниот актер од „Вовед во анатомија“ објави ретка фотографија од синовите
Актерот Патрик Демпси со децении ја плени публиката со својата шармантна насмевка и продорни сини очи, што многумина го сметаат за еден од најзгодните актери во Холивуд.
Препорачано
Неговата харизма и привлечен изглед беа дополнително потврдени кога беше прогласен за „Најсекси маж на светот“ од списанието „Пипл“ за 2023 година.
Обожавателите на серијата „Вовед во анатомија“ беа особено наклонети кон него, а прашањето е дали и средношколките се импресионирани од неговите синови.
Имено, близнаците Саливан и Дарби неодамна го прославија својот 18-ти роденден, а сега и тие затворија големо поглавје во своите животи.
„Многу сум горд на вас и едвај чекам да видам каде ќе ве однесе следното поглавје од вашите животи“, напиша Демпси, објавувајќи семејна фотографија од матурата на неговите синови.
Саливан и Дарби позираа во темно сини костуми што обично ги носат матурантите, додека гордите родители Патрик Демпси и Џилијан Финк избраа впечатливи костуми во светли бои.
View this post on Instagram
„Едниот син личи на тебе, а едниот на твојата сопруга. Толку е слатко“, е еден од коментарите што ги оставија обожавателите на популарниот актер, истакнувајќи како близнаците изгледаат различно – едниот е со темна кожа и кафеава коса, додека другиот е со посветла кожа и руса коса.
Инаку, двојката ја има и 21-годишна ќерка по име Талула, која е најстарото дете во семејството.