Фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Дали би го препознале? Познатиот британски актер со целосна трансформација во новиот филм

Британскиот актер Том Холанд ги изненади обожавателите со неверојатната трансформација за неговата улога во краткиот филм „ЛЕГО Никогаш не престанувај да играш“ (LEGO Never Stop Playing).

Имено, 29-годишниот актер, познат по улогата во Спајдермен, се појавува во различни улоги во новиот филм, а поради периките, костимите и протезите, дури и најголемите обожаватели не можеа да го препознаат.

Фото: Instagram_-Tom-Holland

Холанд се трансформираше во русокос фудбалер, бизнисмен, стар градинар, па дури и ќелав корпоративен директор, а најновата трансформација ги остави обожавателите без зборови.

Патем, неговите браќа Хари и Сем исто така се појавуваат во филмот, играјќи улоги на спортски новинари.

„Обожавав да си играм со ЛЕГО коцки со моите браќа уште од мал. Беше прекрасно да се сетам на тие времиња со нив на снимањето. Без разлика колку беше зафатен животот, никогаш не престанав да играм“, изјавил Холанд за „Дејли мејл“.

Познат актер Том Холанд откри дека се бори со АДХД и дислексија: „Може да биде страшно …“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот