Иконското дрво беше туристичка атракција/Фото: EPA/Adam Vaughan

ФОТО: Четиригодишна затворска казна за двајца Британци кои исекоа иконско дрво

Британски суд осуди двајца мажи на затворска казна за сечење на едно од најомилените и најфотографираните дрвја во Обединетото Кралство.

Мажите, на возраст од 39 и 32 години, добија затворски казни од четири години и три месеци за тоа што предизвикале дрвото Сикамор Гап да падне врз Адријановиот ѕид во септември 2023 година.

Двајцата мажи го извршиле своето дело среде ноќ. Едниот имал моторна пила, а другиот го снимал чинот.

Исеченото иконско дрво /Фото: EPA/Adam Vaughan

„Гардијан“ забележува дека дури и денес нивниот мотив е нејасен. Судот ги отфрли тврдењата на еден од мажите дека бил пијан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот