фото: EPA/DAVID CLIFF

ФОТО | Челси со најголема заработка ова лето на фудбалскиот трансфер пазар

Англискиот фудбалски клуб Челси беше активен ова лето. Но, за разлика од претходните трансфер рокови кога Челси претежно трошеше огромни суми пари, ова лето тие исто така заработија доста пари.

На листата на петте клуба што заработија најмногу од продажба на играчи, Челси е на прво место со приход од 342 милиони евра.

Касата на Челси ја наполнија – Нони Мадуеке, Жоао Феликс, Кристофер Нкунку, Ѓорѓе Петровиќ, Лесли Угочукву, Кирнан Дјусбери-Хол, Ренато Веига, Армандо Броја и Кирни Чуквемека, како и позајмицата на Николас Џексон во Баерн Минхен.

Втор на листата е Борнмут, кој ги продаде своите клучни одбранбени играчи – Дин Хаусен, Илија Забарњи и Милош Керкез – за големи пари, па следува Баер Леверкузен, кој заработи 125 милиони евра само од Флоријан Вирц кој одлучи да се пресели во Ливерпул.

Четврти е Ливерпул, кој исто така добро се снајде по продажбата на Луис Дијаз, Дарвин Нуњез и Харви Елиот, додека Њукасл е на петтото место, секако, поради продажбата на Александер Исак на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!