британски механичар
британски механичар/Инстаграм

ФОТО | Британски механичар крева модна револуција: „Сакам да ја славам машката фигура“

Механичарот Џулс Паркер од Англија почнал да дизајнира облека за мажи инспириран од женските облини и буквално направи моден исчекор кој ќе ги забавува и освежи модните норми.

Тој се инспирирал од долната облека на неговата сопруга, како што самиот вели:

„Таа секогаш изгледа секси, и гледајќи ја, си помислив: Па ова е прекрасно, и лудо е што не постои вакво нешто за мажи!

Дека машката долна облека е претежно сведена на гаќи и боксерици, навистина е така. Џулс нашол начин како да ја промени оваа перцепција.  Тој отпочнал своја серија долна облека за мажи, за која на почетокот имал и негодувања, но сега веќе е јавно поддржан и ужива во презентирањето на овие парчиња.

Брендот се вика Moot Revolution и има парчиња за секаква пригода.

Иако многумина сметаат дека овој начин на креирање облека за мажи додатлно ги феминизира, тој има цврст став по тоа прашање:

„Да погледнеме само во природата. Колку мажјаци низ природниот свет носат силни, јаки бои, а женките се со посуптилни бои? И низ историјата, мноштво кралеви и императори носеле силни бои, впечатливи тантели и штикли, така што тоа значело мажественост во тоа време. Не ми е идејата да станам жена или да ги натерам мажите да бидат жени. Сакам да ја славам машката фигура, да се чувстуваат убаво. Јас сум обичен тип. Механичар. Но, сакам секси долна облека – завршува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот