Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

ФОТО | „Би-би-си“ го круниса Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ денес на Ролан Гарос ја освои својата рекордна, 23-та грен слем титула, и со тоа се искачи на врвот на историската листа на тенисери според ова постигнување. Рафаел Надал остана на второто место со 22 освоени грен слен турнири.

Сруши Ѓоковиќ и други бројни рекорди, а освен тоа од понеделник ќе се врати и на врвот на АТП листата, симнувајќи го од лидерската позиција Шпанецот Карлос Алкараз.

Кога се гледа и женската конкуренција, Ѓоковиќ ја стигна Серена Вилијамс и пред него е само Маргарет Кор со 24, но нејзините титули се освоени во времето кога тенисот сѐ уште не бил професионален спорт. Ѓоковиќ исто така стана првиот во светот со најмалку седум финалиња на четирите грен слем турнири, а со вкупниот број настапи во битките за пехар се изедначи со Крис Еверт (34).

Сето ова беше доволна причина и светските медиуми да се поклонат пред еден од најголемите спортисти на сите времиња. Британскиот јавен сервис „Би-би-си“ веќе и го „круниса“ српскиот тенисер, прогласувајќи го за најдобар на сите времиња. Слични беа објавите посветени на Ѓоковиќ и од останатите реномирани светски медиуми.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот