Бебе Реџа / Фото: Instagram / beberexha

ФОТО | Бебе Реџа се врати во Дебар и порача: „Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, Прешево – сите се мојата Албанија“

Американската музичка ѕвезда Бебе Реџа (34), со етничко албанско потекло од Македонија, на 25 јули настапи на музичкиот фестивал „Сани хил“ во Приштина, Косово.

Таа ја искористи приликата за да го посети Дебар, родниот град на татко ѝ, каде помина време со своите роднини и го посети гробот на дедо ѝ, кој е погребан во едно од околните села.

„По 12 години се вратив во родниот град на татко ми, Дебар, Македонија. Поврзувањето со моите корени и семејството беше многу емотивно. Особено значајна ми беше посетата на гробот на дедо ми, зашто не можев да дојдам на неговиот погреб, бидејќи во тоа време бев на турнеја. Семејството ми значи сè, и оваа посета ме потсети на важноста на нашата поврзаност“, напиша пејачката на Инстаграм, каде објави неколку фотографии од Македонија.

Фото: Instagram / beberexha

За време на посетата, таа се дружеше со соселаните на нејзиниот дедо, кои ја пречекаа како вистинска ѕвезда.

Нејзината објава привлече големо внимание на Инстаграм, каде доби бројни коментари. Дел од нејзините обожаватели ѝ напишаа дека им е драго што успеала да го посети родниот крај на нејзините родители (мајка ѝ, исто така, има потекло од Македонија, поточно од Гостивар), но дел од следбениците ѝ оставија коментари и со политичка конотација, кои алудираат на Голема Албанија и дека Дебар е дел од Албанија.

„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Прешево (град во Србија каде Албанците го формираат мнозинство од населението), според мене, сите се мојата АЛБАНИЈА“, им одговори Реџa.

Фото: Инстаграм/Бебе Реџа

Овој коментар предизвика реакции од страна на македонските корисници на Инстаграм.

„Убаво што си го посетила родниот крај на твоето семејство, но зошто се обидуваш да ја избришеш македонската етничка популација, која брои 1.5 милиони и која живее во државата, и ја претставуваш како албанска во твоите коментари? Се надевам дека ужиуваше во Македонија и дека покажа барем малку почит за Македонците кои живеат тука и дека ќе претстанеш да ги нарекуваш Албанци на своите платформи. Екстремно проблематично“, ѝ искоментира еден корисник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот