Фото: Zdeněk Sleha / Česká ilustrační fotografie / Profimedia

ФОТО | Бајковита Чешка: Малечко село среде шума е туристичка атракција за семејства со мали деца

Скриено во шумите на покраината Височина, во местото Снежне, се наоѓа едно од најнеобичните туристички одредишта во Чешка – Похáдкова весничка Подлесичко или Бајковитото село Подлесичко. Овој тематски парк е дел од хотелскиот комплекс Подлеси и изгледа како изваден од бајка, пишува „Пун куфер“.

Селото се состои од 11 уникатни куќички, секоја посветена на познати јунаци од чешките и светските бајки – од Будулинек и Вохомурка до Снежана и Црвенкапа. Поради својот изглед и магична атмосфера, тие се вистински туристички хит меѓу семејствата со деца, но и кај возрасните кои не сакаат да признаат дека одамна не се деца.

Фото: Zdeněk Sleha / Česká ilustrační fotografie / Profimedia

Куќичките може да се разгледаат самостојно или со платено (и костимирано) водство, а посетителите имаат можност и да преноќат во нив. Секоја се простира на околу 45 квадратни метри и може да смести четири до пет лица. Опремени се со спална соба, загреан дневен престој со мини-кујна и шармантна тераса.

Бајковитото село е совршено вклопено во шумската околина на Височина – регион кој и онака е идеален избор за активен одмор во природа. Пешачки патеки, свеж воздух и необичен дизајн прават оваа дестинација вистинско прибежиште од секојдневието.

Фото: Zdeněk Sleha / Česká ilustrační fotografie / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот