Фото: Принтскрин - Твитер

ФОТО | Аврил Лавињ со бакнеж ја потврди врската со Тајга

Канадска пејачка, текстописец и актерка Аврил Лавињ е во врска со раперот Тајга, а тоа го потврдија додека јавно разменуваат бакнеж на забава за време на модната недела во Париз. Тајга и Аврил не криеле колку се блиски, а си разменувале нежности пред сите, па и пред фоторепортерите, пишува Page six.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)


Нивната врска изненади многумина, особено затоа што Аврил до неодамна беше верена со Дерек Рајан Смит.

Исто така, Тајга претходно беше во врска со Кајли Џенер, а познато е и дека раперот бил насилен кон својата поранешна вереница Камерон Сенс, поради што извесен период беше во притвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @littlebirdielavigne

Сепак, Аврил и раперот сè уште ништо јавно не признале, но очигледно уживаат во меѓусебното друштво.

Потсетуваме дека пред да ја официјализира врската, пејачката неколку пати беше видена во друштво на Тајга, меѓу другото и во Малибу на вечера со пријателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот