Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ФОТО | Археолошкиот музеј во Барселона 90 минути ги отвори вратите за нудисти

Археолошкиот музеј на Каталонија во Барселона во саботата ги отвори вратите за нудисти, овозможувајќи им на заинтересираните специјална обиколка во текот на која тие можеле да прошетаат низ просториите и да ги видат експонатите без облека.

Турата од 90 минути е организирана во соработка со каталонскиот натуристички клуб.

Посетителите ја погледнале изложбата на фотографии на Луиџи Спина Бронко од Риаче. На фотографиите се прикажани две огромни грчки бронзени статуи на голи воини од 5 век п.н.е., кои се откриени во 1972 година во морето во близина на калабрискиот град Риаче.

„Сакавме турата да ја направиме поинтересна, а не типична обиколка со водич“, рече водичот Едгар Местре, кој сам ја обиколи изложбата без облека.

„Сакавме посетителите кои доаѓаат да ги погледнат експонатите да се чувствуваат исто како и делата што ги гледаат.“

На веб-страницата на музејот на посетителите им се нуди можност „да се восхитуваат на изложените дела и да бидат во иста ситуација како и статуите, целосно голи и опкружени со голите тела на другите луѓе“.

„Искуството е исто како и гледањето дела во облека, но разликата е во тоа што можеби вака подобро разбираме дека голотијата отсекогаш постоела и дека голите човечки тела не треба да бидат срамота“, рекла здравствената работничка Марта, една од нудистите од групата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот