Фото: no, Credit line: - / INSTAR Images / Profimedia

ФОТО | Ана Винтур во друштво на нејзината наследничка: Новата и старата уредничка на „Вог“ блеснаа во Њујорк

Гала-вечерта „Грижа за жени“ традиционално ги собира познатите личности од светот на модата, филмот и културата со цел да се поддржат програмите за борба против родово базираното насилство.

Секако, оваа година немаше недостаток од познати гости, а меѓу гламурозните гости, ѕвездите на „Вог“ не останаа незабележани: легендарната Ана Винтур и нејзината наследничка како уредничка, Клои Мал, ќерка на познатата актерка Кандис Берген, најпозната по улогата во поранешната хит серија „Марфи Браун“.

Двете дами изгледаа одлично расположени позирајќи за фотографите, а нивните модни изданија не можеа да поминат под радарот.

Фото: EPA/SARAH YENESEL

Винтур носеше класичен стил: голем цветен фустан кој ја следеше фигурата, со нејзиниот заштитен знак – рамен боб со шишки и големи очила за сонце – и елегантни потпетици, а изгледот го комплетираше со преголема огрлица. Нејзината наследничка во „Вог“ ја покажа својата визија за елеганција која негува пристојност и функционалност, а во исто време поканува свежина и промена. Клои изгледаше одлично во впечатлива розова тоалета со смел деколте и светкави кристали, а се одлучи за дискретна шминка и едноставна фризура.

Покрај нив двете, на овој настан присуствуваа и Деми Мур, Лорен Санчез Безос, Џорџина Чепмен, Салма Хајек, Дакота Џонсон…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот