Фото: EPA-EFE/Ana Escobar

ФОТО | Американците измислуваат бројки за Ѓоковиќ да не биде на врвот

Новак Ѓоковиќ неодамна го освои УС Опен и така дојде до 24. гренслем титули, со што се обезбеди на врвот на вечната лита во машка конкуренција.

Меѓутоа Американците во последно време тврдат дека во апсолутна конкуренција Новак е изедначен, наеднаш Маргарет Корт има ист број трофеи.

Името на Маргарет Корт започна да се споменува заедно со името на Новак, но вистината е поинаква. За многумина ова е доказ дека западните медиуми се фрустрирани што Ѓоковиќ од една мала земја како Србија ќе остане запаметен како најдобриот на сите времиња.

Американскиот новинар Кристофер Џонсон објави стара фотографија на која Штефи Граф има 22 гренслем-титули, на таа листа зад името на Корт стојат само 11 трофе на најголемите трофеи. Но сега кога Ѓоковиќ освои 24, одеднаш и таа има иста бројка.

„Маргарет беше голема тенисерка, но факт е дека таа 13 трофеи освои против аматери, тоа би било како јас да освојам турнир против моите пријатели. Еден мој пријател во неговиот тениски клуб има 25 пехари, па треба ли сега Новак и него да го брка“, објасни Џонсон споделувајќи ја фотографијата.

Фото: Screenshot

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот