
ФОТО | Ален Исламовиќ се прости од Владо Правдиќ: Ти беше чесен и добар човек
Клавијатуристот на „Бијело дугме“, Владо Правдиќ почина синоќа во хрватскиот град Сплит, по тешко боледување.
Препорачано
Оваа тажна вест ги погоди неговите пријатели и блиски соработници, меѓу кои и еден од пејачите на легендарната рок група „Бијело дугме“ – Ален Исламовиќ. Тој изрази сочувство до семејството на Правдиќ и потенцираше дека „секогаш му било задоволство да биде во негово друштво“.
„Владо, нека ти е лесна земјата. Ти беше чесен и добар човек. Секогаш ми беше задоволство да бидам во твое друштво. Искрено сочувство до твоите деца и членовите на семејството, каде и да се“, напиша Исламовиќ на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Владо Правдиќ ја започнал својата музичка кариера во 1965 година, во групата „Вокинс“, а потоа свирел со групата „Кост“ до 1970 година. Неговата следна „станица“ била групата „Амбасадори“ (1971), па преминал во „Индекси“, каде со мали прекини свирел сѐ до есента 1973 година.
Потоа се спријателил со Горан Бреговиќ, со кого првично свиреле во групата „Јутро“, а потоа го основале „Бијело дугме“. Во есента 1976 година, тој бил заменет со Лаза Ристовски, а две години подоцна повторно се вратил во групата, за повторно да ја напушти музичката сцена во 1987 година.
Почина Владо Правдиќ, поранешниот клавијатурист на „Бијело дугме“