Фото: Инстаграм/Мерима Вишка

ФОТО | Актерот Висар Вишка се венча со саканата Мерима: Парот имаше интимна церемонија со најблиските

Познатиот актер Висар Вишка стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Мерима. Венчавката се одржа вчера (4 септември) во матичната служба во Порта Македонија, во присуство на најблиското семејство и пријателите.

На свечениот чин присуствуваа и нивните две деца – малата Хана и најмладиот член на семејството, синчето Еди, кое се роди пред неколку месеци.

Фото: Инстаграм/Мерима Вишка

Невестата избра модерен бел костум, додека Вишка се појави во црн костум и бела маичка, во опуштен, но елегантен стил. По церемонијата, младенците организираа скромен семеен ручек во еден ресторан на плоштадот во центарот на Скопје.

Двојката сподели фотографии од убавиот настан на Инстаграм. Мерима откри дека бидермаерот бил подготвен за само еден час, а во објавата се заблагодари за совршената шминка и фризура, опишувајќи го денот како „најспецијалниот во мојот живот“.

Фото: Инстаграм/Мерима Вишка

Ова е втор брак за Висар Вишка. Од првиот брак со водителката Елена Митева, актерот го има синот Дион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот