Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

ФОТО | „Адидас“ ја наследи „Пума“ и ги разочара Италијанците

Фудбалската репрезентација на Италија ја прекина традицијата долга 20 години. „Аѕурите“ од 2003 година носеа дресови од „Пума“, но во наредната година ќе ги облекува „Адидас“.

Италијанскиот дрес кој го произведуваше „Пума“ со години важеше за еден со најдобрите дизајни во светот. „Аѕурите“ со дресовите на „Пума“ го освоија Мундијалот во 2006 и Европското првенство во 2021 година.

На социјалните мрежи веќе се појави изгледот на првиот дизајн кој го креира „Адидас“, Италијанците според првите коментари не се воодушевени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот