
Форум за образовни промени: Новиот ректор на Универзитетот во Тетово се избра со политички притисоци
Од невладината Форум за образовни промени денеска на прес конференција како што посочија, изразуваат длабоко разочарување од процесот за избор на Јусуф Зејнели за ректор на Универзитетот во Тетово.
Препорачано
Според невладината, се работело за еден автократски изборен процес каде против кандидатите на Зејнели се повлекле од трката еден ден пред изборите за ректор.
„Покрај информациите кои постојано стигнуваа до нашата организација за влијанието на поранешното раководство на универзитетот и главно политички притисоци врз професорите да гласаат за кандидатот Јусуф Зејнели, врвот на целиот овој процес беше молчењето на Универзитетот, Министерството за образование и наука и Просветниот државен инспекторат кога против кандидатите се повлекоа од трката. Политичките партии не го сакаат Тетовскиот Универзитет, ниту го сакаат најдоброто за него, туку ги сакаат финансиските придобивки што доаѓаат од оваа институција. Тоа го докажува и фактот што владејачката партија Демократска унија за интеграција вршела различни притисоци да постави на чело на Тетовскиот Универзитет личност кој е целосно недостоeн да ја води,а нашето истражување во „Google Scholar“ резултираше дека новиот ректор нема научни трудови објавени во релевантни меѓународни списанија, што е поразително за Универзитетот,рече Бленди Ходаи од Форум за образовни промени.
Од невладината Форум за образовни промени, велат дека до Државниот просветен инспекторат имаат доставено и пријави за тројца професори на Универзитетот во Тетово. Првите две пријави како што посочуваат од форумот, се однесуваат за незаконскиот избор на двајца професори во Националниот совет за високо образование и научна истражувачка работа при Универзитетот во Тетово.
„Конкретно се работи за проф. Д.р. Фатон Шабани и проф. Д.р Ндерим Зеќири. Според член 42 став 2 од Законот за високото образование: „членови на Националниот совет не можат да бидат лица избрани за ректор, проректор или дел од универзитетскиот сенат, декан или продекан на факултет, член на одборот за акредитација и член на Одбор за евалуација“. Проф. Д-р Фатон Шабани е проректор за финансии и странски инвестиции на Универзитетот во Тетово, а проф. Др. Ндерим Зеќири е дел од сенатот на Универзитетот во Тетово што значи дека не ги исполнуваат предусловите да биде членови на овој совет. Во втората пријава побаравме итен увид за незаконското академско унапредување во звање доцент на Др. Агрон Алили во 2020 година на Природно-математички факултет при Тетовскиот Универзитет. Тој е унапреден со звањето доцент со непочитување на член 166 став 1 од Законот за високото образование, кој вели: Во наставно-научно звање доцент, може да биде избрано лице кое: има остварено просечен успех од најмалку 8,00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно.“ Просекот на кандидатот во прв циклус е 6,7, а во вториот циклус 9,0.,рече Ходаи.
Од невладината, велат дека посочените примери на денешната прес конференција не се единствените законски и статутарни прекршувања, ниту единствените унапредувања во академски звања спротивни на Законот за високо образование, но за нив како што посочија на конференцијата имаат силни докази и документи.
Од секторот за односи со јавност при Универзитетот во Тетово, одговорија дека правните работи не ги коментираат.
„Тие имаа право да се жалат, ќе ги оставиме органите да работат“, велат од Секторот за односи со јавност при Универзитетот во Тетово.