Кибер / Фото: Архива

Формирањето на Агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити смета дека формирањето на Агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена за кибер напади, како оние кои се одвиваат во изминатиот период.

Меѓутоа, како што истакна тој на денешната прес – конференција во Влада формирањето на ваква Агенција е поврзана со процесот на реорганизација планирана за во 2024 година. Информира дека поради тоа МИОА за следната година ќе предложи проект насочен кон овозможување на кибер-безбедност.

-Предлагаме да се формира Агенција за кибер-безбедност која ќе биде главната топчка за координирање на веќе постоечките точки во државата, но фактот дека реорганизацијата е планирана да почне најрано на почеток на 2024 година, ние планираме во следната година еден од проектите да биде насочен во кибер-безбедноста, барем за платформите на МИОА. Иако и сега ние имаме софтвер за сигурност сакаме тоа да се институционализира, односно да симулираме кибер Агенција за МИОА, а кога ќе имаме успешна сторија тоа да го прошириме и за Владата, но и за другите институции, појасни Алити.

Рече дека во однос на овозможување на кибер-безбедост во држава се разговара за законска рамка.

-Фактот што ние се уште немаме ниту дигитална агенција ниту агенција за кибер-безбедност, таа обврска ја има засега Министерството, ние имаме обврска и во законскиот дел. Токму денеска доаѓам од настан со УСАИД на кој разговаравме каква законска рамка да имаме за кибер-безбедноста за да бидеме како држава поподготвени, истакна министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот