Архива на СП

„Фолксваген“ лани продал повеќе колбаси отколку автомобили!

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ мака мачи со пад на продажбата на автомобили, но бележи рекордни резултати во друг деловен сегмент – колбасите. Минатата година германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ продал 8,55 милиони колбаси во кантините и супермаркетите, со што го надминал рекордот од претходната година за 200.000.

Рекордната продажба на колбаси беше прославена во „Фолксваген“ во интерен билтен.

„Со повеќе од осум милиони продадени колбаси, славиме нов продажен рекорд“, напиша менаџерот на „Фолксваген“, Гунар Килијан.

Како што пренесува германската прес-агенција ДПА, групацијата „Фолксваген“ минатата година продала речиси исто толку колбаси колку и автомобили. Минатата година, вклучувајќи ги сите брендови во групата, како што се „Aуди“, „Сеат“ и „Шкода“, продале 9,03 милиони, што е за 2,3 отсто помалку од 2024 година. Што се однесува до нивната основна марка, сепак, колбасите на „Фолксваген“ се попопуларни од возилата на „Фолксваген“. Продадени се околу 5,2 милиони од нив, забележува Н1 Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот