
Фолксваген се спогодил со австриските тужители за „Дизелгејт“, ќе им плати 23 милиони евра
Автомобилскиот гигант Фолксваген постигнал вонсудска спогодба со австриските клиенти оштетени од скандалот „Дизелгејт“, со која ќе им исплати на оштетените 23 милиони евра, јави агенцијата Франс прес.
Препорачано
Аферата избувна во септември 2015 година, кога американската агенција за животна средина ЕПА ѝ откри на јавноста дека Фолксваген ги „штелувал“ тестовите на издувни гасови на своите возила, за да ги избегне строгите прописи во САД.
Австриското здружение за заштита на потрошувачите ВКИ поднесе 16 тужби во име на десет илјади купувачи на возила Фолксваген, пренесува АФП. Здружението за заштита на потрошувачите барало повеќе од 60 милиони евра од германскиот производител.
Аферата „Дизелгејт“ го чинеше производителот на автомобили повеќе од 30 милијарди евра, а најголемите трошоци беа во САД.
Во Германија, пак, на почетокот на септември започна судењето на поранешниот шеф на Фолксваген, Мартин Винтеркорн поради неговата вмешаност во аферата, но оваа недела беше одложено поради негова повреда. Судот во Брауншвајг најави дека судењето ќе продолжи и следната година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
13мин
-
25мин
-
26мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5