Фолксваген претстави поевтини електрични автомобили за да се спротивстави на кинеската конкуренција

Фолксваген претстави ново семејство на попристапни електрични градски автомобили за да се спротивстави на кинеската конкуренција, додека германската индустрија погодена од кризата се обидува да се опорави. Понудата на групацијата со седиште во Волфсбург, претставена како вовед на Саемот за автомобили во Минхен, се состои од четири модели на брендовите Фолксваген, Купра и Шкода, со почетна цена од околу 25.000 евра, а тие ќе влезат на пазарот во 2026 година.

Моделите презентирани од Фолксваген вклучуваат ИД. Поло – ривал на Рено 5 и ИД Крос, како пандан на Рено 4. Фолксваген соопшти дека постигнал значителни заштеди со користење на истата модуларна електрична платформа (MEB+) и нова батерија на Фолксваген во повеќе модели. Среднорочната амбиција е пазарен удел на VW од околу 20 проценти во сегментот на мали електрични автомобили во Европа, што е неколку стотици илјади возила годишно, според објавата. Семејството на електрични градски автомобили ВВ е „наш придонес кон пенетрацијата на електричната мобилност во служба наодржливата мобилност“ и „за силна Европа“, изјави извршниот директор на групацијата, Оливер Блум, пренесува Крстарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот