
ФК Шкендија ќе игра четири контролни натпревари во Словенија
Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија ќе продолжи да тренира на „Терме Чатеж“ во Словенија со максимален фокус за подготовка за европските предизвици.
Препорачано
Тетовските „црвено-црни“ ја започнаа главната фаза од подготовките за учество во квалификациите за Лигата на шампионите, а на тренинг центарот „Терме Чатеж“ ќе останат до 28 јуни.
За време на нивниот престој во Словенија, планирани се четири тест натпревари со различни противници, кои ќе им помогнат на тренерот и неговите помошници да го тестираат составот и најдобро да се подготват за меѓународните предизвици.
Важен момент во текот на оваа подготвителна фаза е ждрепката за првото квалификациско коло од ЛШ, која ќе се одржи на 17 јуни во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. Шкендија ќе го следи овој момент од Словенија, за да го дознае името на првиот противник во европските натпреварувања за сезоната 2025/26.
По завршувањето на подготвителната фаза и одржувањето на последниот тест на 28 јуни, екипата ќе се врати во Тетово за да продолжи со завршните подготовки во објектите на клубот, во пресрет на првиот официјален меч во Европа, кој ќе се одржи на 8 или 9 јули.
Во изминатиот период Шкендија објави крај на соработката со Зија Мерџани и Ристе Јанков. Клубот се раздели и со Аденис Шала, Мевљан Адили и Стефан Коцев. Нови играчи на екипата се Имран Фетаи, Мевљан Мурати, Нуман Ајети и Гае Бабукар, а нови договори потпишаа Камер Ќака и Клисман Цаке.
Контролни натпревари на Шкендија во Словенија:
17.06.2025 – ФК Аргеш Питешти (Романија), во Зрече, 17.30 часот
21.06.2025 – ФК Копер (Словенија), во Кодолево или Гросупље, 17.30 часот
25.06.2025 – ПФЦ ЦСКА Софија (Бугарија), на Терме Чатеж, 17.30 часот
28.06.2025 – НК Олимпија (Словенија), во Гросупље, 17.00 часот