Дрва за греење / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Фирма од Струшко со „фалс“ испратници вршела транспорт на огревно дрво

ОВР Струга поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот С.М. од струшкото село Мислодежда и против правен субјект со седиште во струшкото село Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“, соопшти денеска СВР Охрид.

Пријавениот С.М. на 17 февруари годинава, во својство на потписник на правниот субјект, според информацијата, неовластено и спротивно на членот 70 од Законот за шуми, изготвил фалсификат испратница за превоз на дабово и буково огревно дрво од складот на правниот субјект до Скопје и внел лажни податоци за потеклото на дрвната маса и основот за превоз по што, се потпишал во име на овластен шумски инжинер, без негова согласност.

При контрола на товарното возило, кое вршело транспорт на огревното дрво, тим од полициски службеници и шумска полиција, откако утврдиле фалсификувана исправа и бесправна сеча, како што е наведено, го одзеле возилото со вкупно 34 метри просторни огревно дрво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот