Специјален брод поставува комуникациски кабел на дното на Балтичко Море - Фотографија ЕПА, Бернд Вестнек

Финска откри траги од сидро што ги скинало каблите на дното на Балтикот

Финската полиција објави дека се пронајдени траги од сидро што се влечело со километри по дното на Балтичко Море и ги скинало каблите за струја и за телекомуникации.

Сомневањата се дека танкерот „Игл“ што плови под знаме на Куковите Острови, ја предизвикал хаваријата во фински води. Офицери од финската полиција и крајбрежната стража упаднаа на бродот за да спроведат темелна истрага.

Земјите што излегуваат на Балтичко Море се вознемирени порази зачестените прекини на енергетските и комуникациските инсталации на дното, особено откако Русија во 2022 година изврши воена инвазија врз Украина. НАТО во петокот објави дека ќе го засили присуството во регионот.

Во средата на пладне бил прекинат струјниот кабел „Естинк 2“ со моќност од 658 мегавати помеѓу Финска и Естонија и тешко дека ќе биде обновен до август в година. Двете земји останаа поврзани со кабелот „Естинк 1“ од 358 мегавати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот