фото: EPA-EFE/JAVIER LOPEZ

Финалето на ЛШ во 2027 година ќе се игра на Ванда Метрополитано

Финалето на фудбалската Лига на шампионите во сезоната 2026/27 ќе се игра на стадионот Ванда Метрополитано каде што настапува Атлетико Мадрид.

Оваа информација ја откри претседателот на шпанската фудбалска федерација Рафаел Лузан, а ја пренесува „Марка“.

– Оваа година, Шпанија го има финалето на Лигата на Европа на УЕФА на „Сан Мамеш“ во Билбао, а ние исто така го имаме загарантирано финалето на Лигата на шампионите во 2027 година на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Ќе гледаме и да бидеме домаќини на европско финале во Севиља, тука имаме одлична инфраструктура за да организираме одличен настан – вели Лузан.

Стадионот Ванда Метрополитано веќе беше домаќин на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2019 година кога Ливерпул го совлада Тотенхем.

Лузан откри и дека стадионот на Атлетико Мадрид нема да биде домаќин на натпревари од Светското првенство во 2030 година, бидејќи е одлучено домаќин да биде Местаља во Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот