Свечено доделување на наградите на МФФ „Киненова“

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ соопшти дека од 30 март до 3 април во киното „Киноверзум“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се одржат проекции на филмови по повод десеттото јубилејно издание, а самата програма ќе биде од хуманитарен карактер. Целокупниот приход од влезниците на овој настан ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

– По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме дека програмата која требаше да биде само наговестување за десеттото, јубилејно издание на МФФ „Киненова“ 2025, да им ја посветиме на настраданите во големата несреќа во Кочани со давање хуманитарен карактер на истата. Колкава и да е таа капка на материјална и духовна поддршка за блиските на настраданите, сакаме да пробаме да придонесеме кон влевањето на надеж и да покажеме минимум одговорност, но во исто време и со иста љубов да оддадеме длабока почит за оние невини души кои ги загубија животите и оние кои го жртвуваа својот за да ги спасат животите на останатите, соопштија од „Киненова“.

Од фестивалот посочуваат дека проекциите на филмови се внимателно одбрани. Станува збор за најистакнатите наградени филмови на минатите изданија на фестивалот.

-Чувствуваме немерлива празнина и болка за се што се случи. Во таа насока ве повикуваме вас, драга публико, вие добронамерници со големи и благородни срца, да ги посетите проекциите на филмовите кои внимателно ги одбравме и обезбедивме, а кои се дел од најистакнатите и наградени филмови на минатите изданија на „Киненова“ и со вашето присуство и купената влезница да придонесете во оваа наша мисија, соопштија од „Киненова“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот