Филипче за вакцините: Се чекаат авионски, пристигнувањето сѐ уште без точен датум, може и во март

Министерот за здравство на Република Северна Македонија Венко Филипче на примапредавањато на словачката помош за респиратори се заблагодари на одличната соработка со оваа земја, на повеќекратната донација на маски и лична опрема, а сега и за четирите респираторни машини. Според него ова е доказ, дека пријателите служат кога се најпотребни. 

На прашањето кога ќе стигне набавката на  вакцините на нашата територија тој напомена дека не се знае точниот датум, но нивната ефикасност ќе биде од 60 до 90 проценти.

Ефикасноста на кинеските  вакцини оди од 60 до 90 проценти, и тоа  е сосем доволно за да се постигне колективен имунитет. Здравствени работници ќе бидат првите што ке се вакцинираат како  и најризичните возрасни граѓани со хронични болести. Фајзеровата и кинеската вакцина имаат еднаков степен на безбедност, нема простор за сомнеж. Ќе пристигнат 2 милиони дози со авионски транспорт. После месец март ќе бидат достапни вакцините, изјави министерот Венко Филипче.

Во однос на димнамика додаде тој,  се започнува со покренување на процес на вакцинација. Според него многу е важно да нема прекин во процесот на имунизација,. според приоритетот на критичните групи. Тој истакна и дека се уште е рано да се знае ефикасноста на вакцините  кон  останатите соеви и мутации, но стручниот тим ги следи сите нови информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот