Прес-конференција на Венко Филипче / Фото: СДСМ

Филипче: Преку обвинувањата за дестабилизација, Мицкоски го крие неуспехот на сопствените политики

Премиерот подолг период наназад тврди дека јас, заедно со други, подготвувам некакви сценарија за дестабилизација и хаос. Тоа апсолутно не е вистина. До сега, ако навистина имало такви намери, ќе се случеше некаква дестабилизација, со оглед на тоа што премиерот постојано не обвинува за тоа, изјави Венко Филипче претседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Филипче, тврдењата на премиерот ги оценува како неуспех од водењето на сопствените политики и немањето капацитет да се води државата.

„Причината е јасна, едноставно, тој нема со што да се пофали. Нема ниту еден успех кој може да го презентира, нема никаква добра политика. Сите гледаме што се случува во економијата – постои криза во буквално секој сектор. Евроинтегративниот процес е целосно заглавен, земјата назадува во поделби и меѓунационални тензии, што е исклучиво резултат на политиката што ја води оваа влада. Нема напредок ниту во образованието, ниту во земјоделството. Сите добри мерки и политики практично престанаа. Премиерот нема што друго да направи, освен да се обидува да создава впечаток дека постојат сценарија за дестабилизација“, изјави тој.

Притоа тој повтори дека ниту постои сценарио за дестабилизација, ниту размислуваме да постои, додавајќи дека фокусот на партијата е насочена на борба со сите демократски механизми и инструменти против оваа ненародна и антидржавна власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот