Венко Филипче и Марта Кос / Фото: Фејсбул

Филипче повика на внатрешен консензус: Не е време за калкулации, ни за ситнопратиски интереси

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче по средбата со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, повика на внатрешен консензус меѓу сите политички чинители во државата со цел да се дефинира начинот на кој ќе се соработува за земјава да го продолжи евроинтегративниот процес.

Тој вели дека како партија остануваат целосно посветени на евроинтегративниот процес и дека тоа е единствениот начин на којшто државата може да ги зајакне капацитетите, граѓаните да имаат подобра економска положба и да има вистинска реформа на правниот систем.

– Жалам, што во изминатата година има стагнација на тој пат, отсуствува и стратегија, политика и дијалог и за жал се отвараат затворени прашања. Побарав поддршка од еврокомесарката, од неа лично и од сите европски институции, да се откочи нашиот евроинтегративен пат и сакам да порачам дека ова не е време ниту за калкулации, ниту за тесни и ситнопартиски интереси. Ова е време во која секоја партија треба да даде се од себе да продолжиме на патот на евроинтеграција, да се отворат поглавјата од преговорите поради тоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас, рече Филипче.

Средбата со еврокомесарката ја оцени како конструктивна и како доказ за континуираната и искрена поддршка што Европската унија и ја дава на државава.

– Таа беше многу искрена и кажа дека дава се од себе и дека ги користи сите инстирументи за да продолжи евроинтегративниот пат на земјава, меѓутоа има еден дел од задачата што ние треба да ја сработиме дома бидејќи овој процес, исто како и во другите земји кои во изминатиот период станаа челнки на ЕУ, најмногу зависи од внатрешни консензус, рече Филипче.

Денеска во Скопје се одржа самит на лидерите на ЕУ-Западен Балкан, на кој покрај премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваа .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот