Азир Алиу, министер за здравство/Фото: Скриншот

Филипче побара оставки од Панче Тошковски и Азир Алиу

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска побара министерот за здравство Азир Алиу да си поднесе оставка после пожарот во Трубарево, зашто како што рече – ги излажал граѓаните дека воздухот е незагаден. Оставка тој побара да си даде и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Треба да си поднесе оставка министерот за здравство. Ги излажа граѓаните дека воздухот не е загаден. Како го докажаа тоа? Треба одговорност и оставка да поднесе министерот за внатрешни работи – најави дека треба да се евакуираат луѓето а понатаму владиниот портпарол рече дека никој не се јавил во центарот за згрижување кој го ослободиле во непосредна близина. Значи немало соодветна евакуација иако најавија дека треба да има. Треба да се измери количината на диоксини, јаглеводородни честички во воздухот. Не на ПМ честичките. Треба да се испита количество на тешки метали во земјата, никел, кадмиум олово, затоа што тие тешки метали можат да влезат во синџирот на исхрана и утре да е загадена земјата во полињата. Треба да се испита и водата, сите изотопи што не се растворливи во вода ќе се детектираат и тоа час поскоро треба да го направи странска акредитирана лабораторија за да не сведочиме на овие смешни изговори на директорката на Институтот за јавно здравје дека се нешто нема, не знаела, не била спремна итн, рече Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот