Фото:МИА

Филипче му се пожали на Гир: Политиките на власта можат да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси

Досегашниот мандат на евроамбасадорот и случувањата во земјата биле во фокусот на денешната средба на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со Дејвид Гир, чиј мандат како амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија завршува..

Како што информираат од СДСМ, во разговорот Филипче истакнал сомнеж околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон Европската Унија.

– Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Северна Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија, истакнал Филипче на средбата со Гир.

Тој го информирал евроамбасадорот дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.

– Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување на демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ му се заблагодарил на Гир за неговата посветеност и работа во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот