Венко Филипче

Филипче: Геноцидот во Сребреница ќе остане врежан во сеќавањето како еден од најтемните моменти во историјата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот.

„Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче.

Филипче истакна дека ова злосторство против човештвото не само што го потресе светот, туку ги разниша и темелите на човечкото достоинство.

„Геноцидот во Сребреница ќе остане врежан во сеќавањето како еден од најтемните моменти во историјата, потсетник на ужасите на војната и опасноста од екстремниот национализам кој слободниот и демократски свет засекогаш ќе го осудува,“ нагласи претседателот на СДСМ.

Тој упати и апел за иднината: да се сеќаваме, да осудиме омраза и насилство и да изградиме општество на соживот и безбедност за сите. „На овој ден, да оддадеме почит кон жртвите, да се сеќаваме и никогаш да не дозволиме ваков геноцид да се повтори. Да ги осудиме сите форми на насилство и нетолеранција, и да градиме свет во кој луѓето ќе живеат без страв од омраза и поделби,“ порача Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот