Миле Лефков / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Филипче да одговори чија е јахтата на која пловат со Заев, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Не е проблем тоа што Венко Филипче отишол на одмор, секој човек тоа го заслужува. Не е ни проблем локацијата каде се наоѓа одморот. Проблемот е лицемерието кое го шират и друштвото во кое се наоѓа Венко Филипче. Додека на „Бихаќка“ штанцаат соопштенија за тоа колку лошо се живее во државата, гледаме како Филипче одлично живее“, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Венко Филипче и СДС имаат лажно душегрижништво за правата на работниците, велат дека има ниска минимална плата и притоа велат дека знаат како му е на народот, го гледаме Венко Филипче во друштво на Зоран Заев на јахта во Грција. Проблемот е што криминалниот тандем Заев и Филипче уживаат со украдени пари од народот во Грција на скапи јахти“, рече Лефков.

„Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив? Доколку јахтата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена? Со ова Венко Филипче докажува дека е само привезок на Зоран Заев“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот