Фото: ФК Вардар

Филип Најдовски успешно опериран, го чека период на рехабилитација

Фудбалерот на Вардар Илија Најдовски имаше успешна операција на коленото и сега го чека период на рехабилитација.

Имаше Најдовски проблеми со коленото поради што пропушти еден дел од сезоната, меѓутоа со хируршкиот зафат се очекува тие проблеми да станат минато.

„Нашиот играч Филип Најдовски по успешната хируршка интервенција се чувствува одлично и ги поздравува сите навивачи на Вардар, заблагодарувајќи се на поддршката. За процесот на опоравувањето и враќањето во тренажниот процес клубот навремено ќе информира“, објави Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот