Роберт Фицо / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Фицо: Нема да има Европска Унија ако секоја членка нема право на вето

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека без правото на вето на секоја членка, нема да има Европска Унија.

Зборувајќи на настанот на чешкото здружение „Светополук“ во Братислава, Фицо рече дека чешките и словачките претставници треба да разговараат за ставот за војната во Украина, како и за правото на вето во рамките на Европската Унија.

Според него, секоја земја-членка треба да има право на вето, бидејќи ако тоа не постои, како што рече, нема да има Европска Унија.

Фицо повика на оживување на преговорите меѓу словачката и чешката влада, но и на оживување на идејата за Вишеградската четворка (В4), која, покрај Чешка и Словачка, ги вклучува и Унгарија и Полска.

Можам да повторам во име на владата, во секое време, на кое било место во Словачка, на која било тема, владата е подготвена да преговара со нашиот партнер, чешката влада“, рече Фицо, истакнувајќи дека има многу теми за кои земјите треба да разговараат.

Тој рече дека групата В4 во моментов е „политички мртва“ и тврди дека форматот е „намерно прекинат“, пренесува TASR.

„Не станува збор за тоа што лидерите не се разбираат меѓусебно. Стануваше збор за постојан концентриран притисок од големите западни земји за разбивање на В4 како силна регионална асоцијација“, оцени Фицо, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот