Арбен Фетаи, вицепремиер / Фото: Фејсбук

Фетаи повикува на „заеднички фронт против организираниот криминал“

Вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска повика на создавање „заеднички фронт против организираниот криминал и корупцијата. Зборувајќи на Стратешката работилница на меѓупартиска параламентарна група против корупција, организирана од американскиот државен институт НДИ во Скопје, Фетаи го повика Парламентот, граѓанското општество и меѓународните партнери да работат заедно со Владата за поуспешно справување со криминалот.

Тој рече дека реформската агенда, усвоена од Европската унија, е водилка во активностите на владата во борбата против криминалот и корупцијата. Во тој контекст, го спомна изготвувањето на Регистарот за евиденција на државниот имот и новата Стратегијаза јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2024-2028.

Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2024-2028, кои треба да спречат злоупотреба на државниот имот и ефикасна конфискација на незаконски стекнат имот.

Зборувајќи за подобрувањето на транспарентоста на институциите, Фетаи најави брзи резултати во спроведување на Акцискиот план за транспаретност, изработка на веб страни за јавните институции и обука за персоналот за одржување на страниците. Според него, и измените на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер одат во правец на зголемување на транспаретноста и отчетноста на институциите.

Фетаи истакна дека Владата е расположена активно дс го вклучи граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки. Како илустративен пример, го спомна именувањето на член од невладиниот сектор со право на глас во Меѓуресорското тело за координација на антикорциските активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот