
Фернандо Сантош: Им се восхитував на Пеле и Еузебио, но Кристијано Роналдо е најдобар во историјата
Поранешниот селектор на Португалија, а потоа и на Полска, Фернандо Сантош е еден од оние фудбалски стручњаци кои веруваат дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата.
Препорачано
Португалецот во изјава за медиумите во својата татковина го пофали својот сонародник и фудбалерот кој го тренираше, не само во репрезентацијата, туку и во дресот на Спортинг.
– Имаше 19 години кога беше во мојот клуб, а сега е најдобар на светот. Нема сомнеж во тоа. Освои сè што можеше да освои, но не само со еден клуб, туку го повтори успехот во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, а потоа со португалската репрезентација беше европски шампион – вели Сантош.
Сантош е свесен дека многумина не се согласуваат со него и дека прашањето за најдобриот на сите времиња засекогаш ќе биде предмет на дискусија, но како аргументи за своето тврдење ја изнесува статистиката.
– Тука не зборуваме за неговиот начин на игра и дали некој го сака или не. Овде зборуваме само за бројките кои се сомнително на негова страна, бидејќи никој во историјата нема постигнато повеќе голови од него. Каде и да играл тој беше првата ѕвезда на тимот, сè се вртеше околу него, а тоа го можат само лидерите. Во историјата на фудбалот нема подобар од него. Вака ви кажува човек кој цел живот им се восхитувал на Пеле и Еузебио. но Роналдо е подобар од нив – се зборовите на Сантош.
?Fernando Santos:
“Cristiano is the best footballer in history.” pic.twitter.com/bxpHmoeRnf
— TCR. (@TeamCRonaldo) November 8, 2023