фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фергусон веќе не е на платниот список на Манчестер јунајтед

Сер Алекс Фергусон, менаџер на Манчестер јунајтед во славната ера на клубот од „Олд Трафорд“, повеќе нема да биде дел од англискиот фудбалски клуб во својство на амбасадор.

Сопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф, директор на нафтената компанија Инеос, неформално го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платниот список, пишува Атлетик.

Како причина го наведе намалувањето на клупските трошоци, а Шкотланѓанецот е само еден од погодените од финансиските реформи.

Интересно, Јунајтед летово донесе звучни засилувања, поточно Џошуа Зиркзе, Леи Јоро, Матијс де Лихт и Мануел Угарте.

Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ од клупата од 1986 до 2013 година, што ги доведе до освојување на 13 титули во Премиер лигата, пет во ФА Купот и два во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот