Фото: МЗТ Скопје

Феникс немоќен, МЗТ лесно до нова победа

Maкедонскиот шампион МЗТ Скопје славеше на гости кај Феникс со 77-85 во рамките од 21. коло во Првата македонска лига.

Актуелниот шампион и фаворит во натпреварот работата ја заврши уште во првото полувреме.

На одморот МЗТ замина со предност од 15 разлика 31-46 и до крајот успеа да ја одржи таа предност.

Феникс беше подобар во третиот период кој го доби, но само со шест поени разлика што не беше доволно. Во последната четвртина МЗТ одново заигра подобро и не дозволи некаков пресврт.

Едвин во редовите на МЗТ беше најефикасен со 21 поен, Магдевски уфрли 16, додека за Феникс Адетукаси и Димитриев постигнаа по 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот