Фото: BC Feniks

Феникс го изненади Работнички за втор триумф во низа

Eкипата на Феникс приреди изненадување во последното коло од оваа година во Првата лига и на домашен терен славеше над Работнички со 73:71 во натпревар кој имаше драматична завршница.

Избраниците Денис Дервишевиќ така дојдоа до четвртата победата сезона во која имаат и осум порази. Но, за нив ова е втор триумф во низа откако во минатото коло славеа над Шкупи.

Работнички одигра најдобро во втората четвртина во која обебеди предност од 29-31 на паузата. Во второто полувреме дојдоа и до 15 поени предност, но тоа не беше доволно.

Феникс успеа да се врати во 35. минута да го преземе водството кое го задржа до крајот за победа од 73:71.

Најефикасен во составот на Феникс беше Димитриев со 17 поени, додека Бертранд постигна 14. Во редовите на Работнички Шошкиќ запиша 16 поени, Ефремовски додаде 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот