фавира

„Фавира“ стигна во Македонија, засега го има само во аптеката на Систина

Лекот „Фавипиравир“ кој многу наши сограѓани го набавуваа од Косово, конечно пристигна во Македонија.

Оваа информација ја потврди директорот на Агенцијата за лекови, Лирим Шабани.

-Лекот е пристигнат во Македонија и веќе е пуштен во аптеки. Дозволата за увоз ние ја дадовме уште минатата недела. Најмногу барања за увоз имаше од страна на болниците и тоа исклучиво за нивни потреби но во следните денови ќе го има во поголеми количини, и дистрибуцијата ќе се прошири, рече за „Слободен печат“ директорот Шабани.

Екипа на „Слободен печат“ денеска посети неколку аптеки во Скопје со цел да се увериме дали веќе го има лекот во малопродажба.

-Лекот го нема во ниту една наша аптека, и немаме најава кога ќе го добиеме, ни рекоа вработените во Еурофарм и Зегин.

Лекот го најдовме во аптеката која работи во состав на клиниката Аџибадем Систина. Таму „Фавира“ чини 4.283 денари.

-„Фавирата“ колку што сме запознати засега го има само во нашата аптека. Цената е 4.283 денари, ама лекот се купува само со рецепт. Во пакувањето има 40 таблети, ни одговорија од аптеката.

Инаку, веќе е познато дека лекот „Фавира“  помага при лекување на ковид-19 во раната фаза на болеста.

-За цената на лекот нема да коментирам, цените на лековите се утврдуваат од страна на посебно тело на Министерството за здравство и се единствени во сите аптеки, додаде директорот Шабани.

Претходно Слободен печат стапи во контакт со претседателката на здружението на матични лекари Лидија Чолакова која не знаеше дали матичните лекари ќе имаат можност овој лек да им го препишуваат на пациентите, или сепак ќе оди тоа преку секундарното здравство.

Нас ни треба официјално известување околу начинот на дозирање. Знаеме дека кога станува збор за вирусни инфекции лекoвите дејствуваат на почетокот на инфекцијата, но сепак станува збор за нов лек, не би требало да шпекулираме. Добро е да се комуницира на писмено, вака излегува дека сите нови информации ги дознаваме преку новинарите, ние сме правни фирми, Министерството треба да се погрижи да добиеме официјално известување, со дејството на лекот и дозирањето. Мора да има протокол за лекување.Режимот на пропишани лекови кој постои од 2008 гласи дека постојат лекови кои може да ги препише матичен лекар без препорака од специјалист, но има и лекови кои само со одобрение од специјалист може да се добијат во аптека. Ние се уште не знаеме во која категорија на лекови спаѓа фавипиравирот, вели за Слободен печат д-р. Лидија Чолакова.

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!