
Фајненшл тајмс: Путин игра опасна игра со НАТО
Инцидентот со нарушување на естонскиот воздушен простор минатата недела повторно го отвори прашањето за посветеноста на НАТО кон одбраната на своите најранливи членки. Базата Тапа во Естонија, некогаш советска воздухопловна база, денес е симбол на спротивставувањето на Кремљ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Таму британските, француските и естонските сили, поткрепени со американски присуство, создаваат интегрирана структура подготвена за одбрана.
Но, експертите предупредуваат дека Москва веројатно нема да удри директно – туку постепено ќе ја тестира коhezијата на Алијансата преку инциденти како беспилотните упади во Полска или воздушните провокации над Естонија,пишува угледниот „Фајненшл тајмс“.
Дилемата околу одговорот: ескалација или воздржаност
Предизвикот за НАТО е двоен. Од една страна, постојат гласови во Алијансата кои бараат поцврст одговор, па дури и соборување на руски авиони при нови нарушувања.
Од друга страна, особено во Вашингтон, доминира загриженост дека таков чекор би значел опасна ескалација. Токму овде се јавува најголемата неизвесност – американскиот фактор.
Со САД кои обезбедуваат околу 40% од воените капацитети на НАТО во Европа, прашањето е како администрацијата на Доналд Трамп би реагирала доколку Москва навистина го премине прагот и влезе во една од балтичките држави.
„Естонизацијата“ на европската политика и скепсата кон САД
Балтичките држави, предводени од Естонија, играат сè поголема улога во обликувањето на европската надворешна политика. Овој феномен во Вашингтон веќе се нарекува „естонизација“ – често со негативен призвук.
Балтичките лидери се гледаат како премногу агресивни кон Путин, а во администрацијата на Трамп се појавува резервираност.
Од другата страна, пак, балтичките земји не кријат сомнеж кон американската посветеност. Сликата од ОН, каде што Вашингтон гласаше заедно со Москва околу Украина, стана визуелен потсетник за таа недоверба.
Неизвесноста на Трамп како најголем ризик
Иако војската на НАТО во балтичкиот регион е реален фактор на одвраќање, најголемиот проблем за Алијансата останува политичката неизвесност и на американскиот претседател Трамп.
Европа, иако посветена на отпор кон Москва, знае дека без американска поддршка таа сила е делумна. Во исто време, Путин веќе има покажано дека е способен за одлуки што светот ги смета за ирационални како инвазијата врз Украина во 2022 година. Прашањето е дали НАТО ќе ја задржи доволната кохезија за да ја одврати следната провокација, или Москва ќе продолжи да ги испробува границите на трпението и солидарноста.