фото: kfshkendija.com

Фабрис Тамба е нов фудбалер на Шкендија

Фудбалскиот клуб Шкендија го официјализираше ангажманот на сенегалскиот напаѓач Фабрис Тамба (21), кој од денеска ќе биде дел од тетовските „црвено-црни“.

Тамба потпиша 3,5-годишен договор со клубот откако успешно ги помина лекарските прегледи.

– Кога слушнав дека овој тим ме сака, бев многу среќен бидејќи навистина сакам да играм за овој тим. Се чувствувам многу среќен што се приклучив на најдобриот тим во првенството. Верувам дека ќе ја постигнеме целта да станеме шампиони – изјави Тамба по потпишувањето на договорот.

Шкендија ќе биде вториот клуб на Тамба во Македонија, откако минатата година беше дел од Шкупи, каде што беше прекомандуван од португалскиот гигант Брага.

Претходно Тамба играше за Беира-Мар Алмада и Ковиља во Португалија, добивајќи важно искуство кое сега ќе го искористи за Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот