
Фабриката за чоколади Звечево е продадена на еден од најбогатите Руси!
Познатата хрватска кондиторска компанија Звечево премина во рацете на рускиот бизнисмен, милијардерот Денис Штенгелов кој живее во Австралија! Загрепската берза објави дека мнозинскиот сопственик Здравко Алвир продал повеќе од 75 отсто од акциите на Звечево од Пожега на Флексвеј Адриатик.
Препорачано
Основач на хрватската компанија Флексвеј Aдриатик е компанијата Флрексвеј со седиште во Обединетите Арапски Емирати, односно во слободната зона во Дубаи. Сопственик на Флексвеј е Денис Штенгелов, кој исто така поседува и ја контролира KДВ, голема компанија за храна во Русија. КДВ се занимава и со производство на слатки и е сопственик на малопродажниот синџир Јарче со повеќе од илјада супермаркети во Русија.
Штенгелов, руски државјанин, со години живее во Австралија, а беше ставен на списокот на санкционирани лица од Украина. Денис Штенгелов, основачот на групацијата КДВ и малопродажниот синџир „Јарче“, е 94-ти најбогат Русин и 2133-ти најбогат во светот со богатство вредно 1,3 милијарди долари, објави Форбс. Компанијата Flexway Adriatic, основана лани во декември во Хрватска, сега мора да објави јавна понуда за преземање на сите акции на Звечево, односно околу 25 отсто што ги поседуваат малите акционери. Меѓу нив е Ненад Бакиќ со 2,25 отсто од акциите. Flexway Adriatic е предводен од Илија Караматиќ, менаџер кој исто така работи во Хрватска за руската компанија KDV Group, која е во сопственост на Штенгелов.